Оваа песна од Здравко Чолиќ крие мрачна тајна: Се работи за сурова трагедија, откриена е целосната вистина (ФОТО/ВИДЕО)

Пејачот Здравко Чолиќ е ,,сопственик” на бројни вечни хитови кои денес ги слушаат сите генерации, а ретко кој знае дека еден од нив крие голема трагедија.

Многу од старите стихови на Чола сè уште редовно се пеат на секое дружење, а пејачот не крие дека некои од нив се и посветени.

Познатата песна „Она спава“ е посветена на девојката Милица Костиќ, која во 1974 година починала како последица на повредите со кои се здобила при падот од 11. кат на Рубинската кула во Крушевац. Несреќната девојка сакала да ја спаси честа од мажите кои имале намера да ја силуваат.

Милица била ученичка на средното медицинско училиште, а тој трагичен ден непознато момче ја измамило и ја однел во станот, за наводно да ја запознае со неговата девојка. Тој млад човек бил еден од петте насилници кои сакале да силуваат младата девојка.

На Милица и’ ги соопштил своите намери и и’ рекол да се соблече, што таа го одбила. Младото момче се обидело да ја соблече, а Милица плачела и го молела да ја пушти да излезе од собата. Еден од насилниците им рекол на другите сепак да ја пуштат да си оди, со коментар:

-Невина е, нема да ја допрам – пренесува „Мондо“.

За жал, Милица не ја пуштиле. Девојката на секој можен начин се обидела да го спречи трагичниот исход. Плачела и молела, но не вредело.

Бидејќи сакала да си ја спаси честа, решила да побегне. Кога останала сама во собата, скокнала низ прозорецот од 11-ти кат.

Таа била тешко повредена и била пренесена во болница. Лекарите се обиделе да ја спасат, а по разговорот со инспекторите, Милица паднала во длабока кома, од која за жал не се разбудила.