ОВАА СПОРТИСТКА Е ПОБОГАТА ОД ЛИОНЕЛ МЕСИ И КРИСТИЈАНО РОНАЛДО – Таа е милијардерка, а се занимава со спорт кој воопшто не е популарен !?
Кога се зборува за спортот, се подразбира дека фудбалерите се меѓу најбогатите спортисти во светот.
Големите спортски и спонзорски договори ги издвојуваат на врвот, а во преден план се Лионел Меси и Кристијано Роналдо кои важат за најдобри фудбалери во 21 век.
Сепак, 33-годишна спортистка од Данска е побогата од Лионел Меси и Кристијано Роналдо, но како е тоа воопшто можно ?
Ана Каспржак се занимава со коњички спортови. Таа нема освоено медали на Олимпијада или на големи натпреварувања. Но, тоа не е толку важно, бидејќи нејзиното богатство се проценува на 1,3 милијарди долари.
Секако, спортот е само делумно застапен во оваа бројка. Факт е дека Ана Каспржак заедно со нејзиниот брат Андреј и нивната мајка Хани е сопственик на светски познатиот дански бренд на чевли. Компанијата ги продава своите производи во 90 земји.
Компанијата е основана од нејзиниот дедо Карл Тузбуј во 1963 година, а според магазинот Forbs, компанијата генерира продажба од околу 1,46 милијарди долари годишно.
Ана Каспржак се натпреварува во дисциплина наречена дресирано јавање. Таа освои медали на ЕП во јуниорски категории, а двапати ја претставуваше Данска на Олимписките Игри. Најдобар резултат и е 14. место во поединечна конкуренција и 4. место во екипна конкуренција.