Оваа убавица го освои светот преку ноќ! Сите зборуваат за неа и и предвидуваат голема слава: Нејзината животна приказна е вистински хит

Младата холивудска актерка Рејчел Зеглер беше една од главните ѕвезди на премиерата на филмот „Shazam: Wrath of the Gods“, каде се појави во издание достојно за вистинска холивудска дива.

Рејчел Зеглер

21-годишната ѕвезда од хитот на Стивен СпилбергWest Side Story“ изгледаше сензационално во светкава сина креација украсена со штрас и проѕирни детали додека позираше покрај својот дечко Џош Ривера.

Убавицата со колумбиско-полско потекло со својот изглед ги освојува сите каде и да се појави, а светот слушна за неа пред пет години кога на социјалната мрежа Твитер ја објави нејзината препеана верзија на песната „Shallow“ од Лејди Гага и Бредли Купер, која ја пееја во филмот „The Star Is a Born“.

Видеото стана вирално, па така стигна до познатиот режисер Стивен Спилберг, на чија аудиција се појави, без тој да има поим за неа, а се друго е само историја.

Рејчел Зеглер

Три години подоцна го доби Златниот глобус во категоријата најдобра актерка.

Моментално на социјалната мрежа Инстаграм ја следат 873 илјади луѓе со кои споделува моменти од приватниот и професионалниот живот и добива илјадници комплименти за нејзиниот по малку егзотичен изглед.