Оваа утринска навика целосно ќе ви го уништи холестеролот! Воопшто не е здрава како што мислите – докторите советуваат: “Веднаш прекинете со ова!“
Минимизирајте го внесот на кафе (прифатлива е една до две шолји дневно), газирани пијалоци и алкохол. Голема количина на холестерол содржат и школките, лигњите, црвеното месо и јајцата.
Се верува дека во повеќе од 50 проценти од случаите на „скокање“ на маснотиите, причината е неправилната исхрана. За ова нарушување придонесуваат и состојби како намалена функција на тироидната жлезда (хипотироидизам), долгорочно пушење, внесување на големи количини кафе, физичка неактивност, долготраен континуиран стрес, употреба на орални контрацептиви и генетска предиспозиција.
Бидејќи еден од главните „виновници“ за покачениот холестерол е лошата исхрана, ова е најважната промена која треба да се спроведе. Масна, тешка и пржена храна, бел шеќер, рафинирани јаглехидрати, нездрави слатки и грицки треба да се исфрлат од исхраната.
Од друга страна, важно е да се зголеми внесот на следниве намирници:
- овес, јачмен, лен и чиа семиња и други цели зрна и семиња.
- овошје, особено јаболка, грозје, јагоди, боровинки, ананас и агруми.
- соја.
- јаткасти плодови (ореви, бадеми…)
- зеленчук, особено краставица, цвекло, целер, домат, кромид и лук.
- зачини (цимет, бибер), ѓумбир (свеж или сушен).
- маслиново масло.
- зелен чај.
Омега 3 масните киселини го подобруваат односот помеѓу „лошиот“ ЛДЛ и „добриот“ ХДЛ холестерол, делуваат против воспаленија, ја намалуваат „лепливоста“ на крвта, а во овој случај рибата е многу повеќе од замена за месото. Поставете цел да имате риба на трпезата три пати неделно, дури и ако се работи за лименка сардина. Најдобар избор се свежата скуша, туна и лосос, а интересно е што туната ги губи речиси сите корисни масла кога е конзервирана, додека сардините и повеќето други риби ги задржуваат.