Ова беше нејзиното најкратко возење:Австриската скијачка не стигна ниту до првата капија, нејзиниот комичен пад предизвика бројни реакции (Видео)

Австриската скијачка Катарина Хубер денеска го привлече вниманието на себе во првото возење од третиот велеслалом во сезоната на Светскиот куп во Семеринг.

Имено, локалната скијачка со стартен број 49 некако успеала да падне штом тргнала од старт.

Таа не стигна ниту до првата капија, а видеото од нејзиниот комичен пад брзо стана вирално на социјалните мрежи.

(Twiter)

„Вака ќе ми започне 2025 година“, „Никогаш не сум скијал, но убеден сум дека ќе издржев барем неколку секунди подолго“, се само дел од коментарите на корисниците на социјалните мрежи.

Катарина дефинитивно ја истакна својата кандидатура за најлошо и најкратко возење во 2024 година.

Инаку, по првата трка лидер беше Италијанката Федерика Брињоне.