Познатата српска пејачка Јелена Карлеуша на роденденот на својата пријателка се појави облечена во розово од глава до пети!
И тоа не во било што, туку во облека од модната куќа „Баленсијага“ хеланки-чизми и спортски топ од „Адидас“, стајлинг кој вреди 4.000 евра.
Бидејќи темата на забавата на роденденот била дивиот запад, за да се придржува до правилата за облекување, Јелена ставила и капа и навистина била вистинска розова каубојка. Таа била една од најрасположените гости, а позираше дури и со механички бик, кој подоцна го објави на својот Инстаграм профил.
