ОВА Е АВТОМОБИЛОТ НА СМРТТА СО КОЈ ЈА ПРЕНЕСЕЛЕ ДАНКА ДО ДЕПОНИЈАТА! Првата слика од „фиат панда“ – вака полицијата ги открила осомничените (ФОТО)

Полицискиот мајор Бојана Отовиќ Пјановиќ им изрази сочувство на членовите на семејството на убиеното девојче Данка Илиќ и им се заблагодари за соработката со полицијата. Таа потсети дека истрагата одела паралелно и континуирано во повеќе правци.

Веќе вториот ден било констатирано дека таму се движело белото возило „панда“ како и уште 16 други возила. Но, во ист правец се вратиле само две возила, меѓу кои и „пандата“.

Данка Илиќ

„По исцрпувачки разговор со мајката, бидејќи детето било со неа, таа додека го барала детето забележала бело возило „фиат панда“ паркирано во близина. Утврдивме дека се работи за возило на водостопанство“, изјавил полицискиот мајор.

Девојчето била видено во периодот од 13:45 до 13:52 часот, а возилото „панда“ било пред влезот на капијата во 13:50 часот. Пред тоа девојчето било видено на раскрсницата, другата куќа од плацот каде била мајката со дете.

„Со елиминирање на сите тие возила што влегувале и излегувале останало спорното возило „панда“, откако застанале на влезот од капијата, влегуваат во возилото, се движеле 30 до 40 метри по улицата, девојчето била десно од страна на коловозот, со мала брзина се спуштиле, го удриле девојчето, осомничениот сопатник ја ставил во багажникот каде што се алатите, ја однеле до вештачката депонија “, изјавил Отовиќ Пјановиќ.

Тој посочува дека станува збор за информации според признанието на осомничените, но и дека има многу потврди благодарение на споредбените технички методи кои биле спроведени, врз основа на ГПС и нивните телефонски уреди. Два дена потоа го преместиле телото, изјавил Отовиќ Пјановиќ.