Ова е болницата каде што беше опериран Новак Ѓоковиќ: Еве колку чини операцијата на менискусот на коленото
Најдобриот светски тенисер беше опериран во Париз и се очекува да се опорават околу три недели, пишува Телеграф.рс
Новак Ѓоковиќ беше успешно опериран во Париз, каде му беше оперирано коленото, откако заработи повреда во осминафиналето на Ролан Гарос на мечот со Франциско Серундола.
Првите информации се добри, Новак беше успешно опериран, а се покажа дека оштетувањето на менискусот не е толку сериозно како што се мислеше, па Ѓоковиќ ќе има време да се опорави за Олимписките игри.
Речиси сигурно ќе го пропушти Вимблдон и фокусот треба да биде на Олимписките игри, особено што Новак не би сакал да премине на трева, а потоа да се врати на земјена подлога со коленото кое неодамна беше оперирано.
Клиниката „Рамзи Санте“, каде е опериран Новак, се наоѓа во петтиот париски арондисман, во близина на железничката станица Аустерлиц на булеварот Сен Марсел.
Овој тип операција на оваа клиника чини од 10.000 до 15.000 евра.
„Рамзи Санте“ има вкупно 465 клиники, имаат 12 милиони пациенти годишно, а имаат 38.000 вработени, што доволно говори за каква империја се работи кога се работи за здравството.
Според некои неофицијални информации, на Новак ќе му требаат околу три недели да се опорави.