Ова е детален список на цени во Грција! Гиро од 3,80 евра, топка сладолед 80 центи: Еве како да поминете што поевтино
Кога започнува летната сезона, цените на различни дестинации се многу честа тема. Мрежите се преплавени со цени од Грција, Хрватска, Црна Гора. Сите кои се уште не отишле на одмор најмногу ги интересира како да поминат што поевтино. Обично се се врти околу цените на храната и сместувањето.
Овој пат избравме листа на цени од Грција, бидејќи ова е дефинитивно омилена дестинација на Македонците. Станува збор за цените на храната во ресторани, хотели, кафулиња.
Цените на гиро во Грција
Цените на гиро се различни. Овој традиционален специјалитет во просек може да се купи за околу 3,80-4,50 евра, а во уличните продавници за брза храна оди и до 7 евра. Во рестораните порциите чинат и до 10 евра.
Цени во супермаркети и маркети во Грција
Цените на овошјето и зеленчукот на пазарите во Грција се генерално слични или пониски од оние во Македонија, па доматите, краставиците и кромидот може да се најдат за само едно евро за килограм, а компирите и тиквичките за помалку од едно евро.
Праските чинат од 2,59 до 2,75, а јаболката од 1,50 до 2 евра. Лимонот чини 2 евра за килограм. Лубеницата може да се купи по цена од 0,6 евра за килограм, дињите 1,50 евра, а црешите 1,90 евра. За пакување јагоди потребно е да се издвојат меѓу 2 и 5 евра.
- Шише вода (1,5л) 0,3-0,5 евра
- Леб од 0,9 евра
- Литар млеко 1,8-3,5 евра
- Јајца 0,23-0,45 евра по парче.
- Сирење 6-15 евра за килограм,
- Маслинки 4,50-7 евра за килограм,
- Маслиново масло 13-17 евра за литар
Цени на сладолед во Грција
Цената на топка сладолед „во слаткарницата на крајот од шеталиштето“ во Аспровалта чини 0,80 евра, две топки се 1,5, а 3 се добиваат за 2 евра.