“ОВА Е ЕВРОПА ВО 21 ВЕК!“ – Премиерката на Србија ‘удри’ по ЕУ и САД: “Денеска последното европско гето е легализирано со контејнери и оклопни возила“

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ порача дека денеска со изборите на северот на Косово е легализирано и легитимизирано последното европско гето.

На својот профил на социјалната мрежа Твитер таа наведе дека – „фотографиите од северот на Косово, кои ги објави, навистина го прикажуваат ‘владеењето на правото’ и вистинското значење на ‘демократските избори’ на Косово и Метохија, кои се поддржани од ЕУ и Квинтата“.

Одржување избори во привремени контејнери под директен надзор на вооружените сили. Избори – слободни и фер, со вооружени сили и оклопни возила. Ова е Европа во 21 век“, им порача таа на Европската унија и на американскиот амбасадор и мисијата на ОБСЕ во Приштина.