Ова е истата жена – била неподвижна поради тежината а сега е секс бомба: Младата мајка изгуби 40 кг, а само овие намирници ги исфрли од исхраната (фото)

Каоми Вајт го започна процесот на слабеење, по што се промени непрепознатливо. Она што влијаело на мајката на четиригодишното момче да истрае на тоа е фактот што таа станувала сè помалку физички способна да се носи со секојдневните активности.

Таа реши целосно да ја исфрли брзата и зачинета храна од исхраната.

Во едно видео таа објасни дека и’ било тешко да гледа како брадата целосно се спојува со нејзиниот врат. Таа имаше голема поддршка за целиот процес од нејзиниот син.

– Сакав да можам да одам на пливање со син ми, да бидам надвор, да трчам и да не се чувствувам лошо и летаргично. Сакав подобар живот за себе и за него – открила мајката од Ирска.

– Се чувствував ужасно, не сакав да излегувам од дома, па поради тоа страдаше мојот социјален живот. Долго време не можев да пешачам, а не сакав да користам превоз. Во тоа време внесував 10.000 калории дневно – открила таа.

Она што уште повеќе ја отежнувало ситуацијата е тоа што на Каоми и’ било дијагностицирано нарушување на сонот, поради што ноќе не спиела правилно, а многу често се будела борејќи се за воздух.

– По слабеењето се чувствувам многу посреќно и подобро. Како да ми се пружи шанса за нов живот – изјавила Каоми која за време на диетата ослабела 40 килограми.