Ова е мајката која крвнички го уби своето дете: Бебето го тепала со тупаници и флаши и тоа пред своите ќерки, а потоа кажала морничави зборови

37-годишна мајка го убила своето шестмесечно бебе во Макрохори, Иматија, Грција.

Таа го претепала детето со тупаници и флаши пред очите на двете малолетни девојчиња на возраст од 6 и 7 години.

Девојчињата кои потекнуваат од првиот брак на нивната мајка биле тие кои ги алармирале бабата и дедото на несреќното дете и родителите на нивната мајка да побрзаат.

Кога бабата и дедото пристигнале дома, детето го затекнале тешко повредено и онесвестено, па го пренеле во болницата Верија.

Бебето било тешко повредено и немало пулс. И покрај натчовечките напори на лекарите, тоа не преживеалож

На местото на настанот излегла екипа од полициски службеници од одделението за обезбедување Верија која ја привела мајката за убиство. Според информациите, жената боледувала од постпородилна депресија, додека претходно морала да биде хоспитализирана.

Кога била приведена, таа го кажала следново: „Не го направив јас, тоа го направи некој друг“.

Таа тврдела дека бебето било повредено од некоја невидлива сила.

Полицијата ги истражува околностите околу смртта на шестмесечното бебе. Резултатите од обдукцијата се очекува да го расветлат случајот.

Несреќното бебе го добила со вториот сопруг кој наводно ја оставил пред околу еден месец.

Така таа се преселила со нејзините три деца во куќа спроти онаа во која живеат членовите на нејзиното семејство (сестра и родители).