Се огласи Немања Гудељ: Фудбалерот е опериран, еве дали постои шанса да игра на ЕП (фото)

Српскиот фудбалер Немања Гудељ заработи повреда на менискусот на левото колено на натпреварот помеѓу Севиља и Атлетик Билбао, а поради тоа го напушти теренот во 41. минута.

Тој беше опериран, а по хируршката интервенција се огласи на социјалните мрежи.

Тој сподели фотографија од себе во инвалидска количка со натпис: Еден ден поблиску до моето враќање.

Немања Гудељ

Српскиот играч за врска сега се соочува со неколкумесечно закрепнување. Според некои најави, го очекува пауза од два до три месеци, а доколку се оди според планот ќе биде подготвен за Европското првенство кое започнува во јуни.