Ова е моментот кога се урна зграда во Истанбул: Луѓето панично бегаат, се крева облак од прашина, падна поради нелегалната градба?
Првичните истраги покажаа дека зградата била изградена пред 36 години и во тоа време незаконски биле доградени 1,5 ката, изјави министерот за животна средина, урбанизација и климатски промени Мехмет Ожасеки.
Едно лице загина во уривање на трикатна зграда во истанбулскиот кварт Кучукчекмеџе, објавија медиумите.
Претходно беше соопштено дека под урнатините останале заробени неколку лица, а во меѓувреме биле извлечени осум лица. Двајца од нив се во тешка состојба.
Küçükçekmece’de 3 katlı binanın çökme anı kameralara böyle yansıdı.#Küçükçekmece #Bina #Çökme pic.twitter.com/gBmhnVAP3z
— liderhaber (@liderhabercomtr) June 2, 2024
На социјалните мрежи се појави видео кое го прикажува моментот на уривање на зградата.
На него се гледа како луѓето бегаат додека таа исчезнува и се крева облак од прашина.
Гувернерот на Истанбул Давут Ѓул изјави дека зградата е изградена во 1988 година, а засега нема информации за причините за уривањето.
#SONDAKİKA | Küçükçekmece’de bir bina, bilinmeyen bir sebeple yıkıldı.
— DarkWeb Haber (@Darkwebhaber) June 2, 2024
Olay yerine çok sayıda ekip sevk edildi.
pic.twitter.com/zYsvhNgYXY
Министерот за животна средина, урбанизација и климатски промени Мехмет Ожасеки рече дека првичните истраги покажале дека зградата е изградена пред 36 години и дека незаконски биле доградени 1,5 ката.
„Зградата е изградена без да се почитуваат архитектонските и инженерските стандарди“, додаде тој.
İstanbul’un Küçükçekmece ilçesinde bir bina çöktü!
— SuperHaber (@superhaber) June 2, 2024
Enkaz altında kalanlar var!
İşte olay yerinden ilk görüntüler#haber #Küçükçekmece https://t.co/LsSIng5Yb6 pic.twitter.com/93cEjfToEd
Медиумите пишуваат дека на приземјето на зградата имало продавница, на кат биле канцеларии, додека на горните катови живееле семејства.
Пожарникарите и спасувачките служби се на терен и продолжуваат со работа.