Непознато лице се уште е обвинето за убиството на Михалис Какурис, кој беше погребан во петокот во Атина. Грчките медиуми објавија дека истрагата го намалила кругот на осомничени на пет лица.
Почна обвинението за 30-те уапсени за хаосот што го направија во близина на стадионот на АЕК кога до смрт беше избоден навивач, а полицијата дојде до видео кое може да го расветли злосторството.
Пред истражниот судија в сабота треба да се појават уште 30 обвинети, а останатите 45 уапсени во недела треба да се изјаснат по обвинението, јавуваат грчките медиуми.
Непознато лице се уште е обвинето за убиството на Михалис Какурис, кој беше погребан во петокот во Атина. Грчките медиуми објавија дека истрагата го намалила кругот на осомничени на пет лица: тројца грчки државјани, еден Хрват и еден Албанец.