Хрват, Албанец и тројца Грци се главните осомничени за убиството на навивач на АЕК

Осомничените грчки државјани се активни навивачи на Панатинаикос, а веќе и се познати на полицијата со оглед на тоа дека имаат „дебело“ криминално досие.

Грчката полиција полека, но сигурно ја разоткрива мистеријата во истрагата за убиството на навивачот на АЕК , Михалис Кацурис, кој трагично беше убиен во ноќта меѓу понеделникот и вторникот за време на судирот со Bad Blue Boys .

Во истрагата се додаваат нови снимки од видео надзор, изјави и докази, а трагичната ноќ полека почнува да се разоткрива.

Како што пренесува грчки „Прототема“ , акцентот секако е ставен на откривањето на лицето кое му го задало смртоносниот нож на несреќниот млад човек. Досегашната истрага доведе до пет главни осомничени.

Станува збор за Хрват, Албанец и тројца Грци . Според грчките медиуми, Хрватот и Албанецот при апсењето имале ножеви со траги од крв, а веднаш биле одвоени од останатите уапсени како осомничени за убиство. 

Осомничените грчки државјани се активни навивачи на Панатинаикос, а веќе и се познати на полицијата со оглед на тоа дека имаат „дебело“ криминално досие.

Да потсетиме, несреќниот Михалис беше убиен за време на навивачкиот конфликт, кој во близина на стадионот на АЕК го предизвикаа Бад Блу Бојс, вооружени до заби.