Ова е момчето осомничено за убиство на својот татко: 20 години не го видел татко си а сега го претепал до смрт! „Глумел кримос, Кристијан му бил идол“ (ФОТО)

Мештаните од Бошут кај Сремска Митровица, каде што се случило злосторството ноќта меѓу понеделникот и вторникот кога осомничениот Зоран В.(21), до смрт со тупаници го претепал својот татко Петар С. рекоа дека ова го предвидувале и очекувале.

Да потсетиме, делото се случило кога Зоран и Петар отишле кај соседот да се дружат, а во еден момент осомничениот под дејство на алкохол со тупаници го удрил татка си по главата. Несреќниот паднал на земја и останал да лежи во локви крв, додека неговиот син побегнал. Осомничениот е обвинет за сторено кривично дело убиство.

Соседите изјавија дека таткото и синот се расправале пред злосторството.

– Сосетката ги покани да се дружиме, цела ноќ пиеја. Зоран во еден момент стана насилен, стана и почнал да крши работи кај соседот, кој потоа излезе од куќата бидејќи не сакаше да биде сведок на расправијата – велат нашите соседите и додаваат:

– Го фати татко му за јака и пијан почна да го удира. Го удираше толку силно што човекот почна да губи свест, а крвта прскаше насекаде.

Додаваат дека, соседот кој по извесно време се вратил во куќата наишол на ужас.

– Човекот кога се врати во куќата личеше како од хорор филм. Неговиот пријател Петар лежеше на подот. Се обиде да му помогне, но ударите кои несреќниот ги доби од синот беа фатални – вели соседот и додава:

– Соседот повика полиција и Брза помош која можешњ само да ја констатира смртта на Петар С.

Како што објаснуваат нашите соседите, Зоран В., пред еден месец почнал да живее со својот татко.

– Зоран В. е трето дете на Петар од три сопруги, кои се видоа дури по 20 години, а детето сега дошло да живее со него во куќата што му ја оставил вујкото на Петае. Починатиот Петар беше добар човек, кој најмногу си наштетил, бидејќи покрај тоа што беше болен почна и да пие – вели жителот на Бошута и додава:

– Работеше на брод и добро заработуваше, но потоа поради болест отиде во инвалидска пензија. Зоран дојде кај Петар пред еден месец и не се сложуваа баш најдобро со оглед на тоа што не се ни познаваа баш најдобро. Дури и му купил мобилен телефон.

Според соседите, осомничениот бил проблематичен.

– Слушнавме дека прави проблеми, па дојде да живее кај него. И двајцата сакале да пијат, па често се расправале, иако мислиме дека немало некоја конкретна причина неговиот син да го убие – велат тие.

Зоран В. е многу активен на социјалните мрежи, па објави фотографии на кои гестикулира и глуми дека е опасен тип.

-Под една од фотографиите напиша „само робија е за мене, само робија“, а се пофали и со фотографиите на Кристијан Голубовиќ, кој очигледно му е идол.

Момчето сакало да глуми дека е кримос – велат соседите.

Да потсетиме, Кристијан Голубовиќ е еден од актерите во филмот „Се гледаме на некролог“, каде е затворен поради трговија со дрога, а од неодамна е познат и како учесник на реалити ТВ.

Сакам на старост да ме прашаат дали ти е полна душата, па да кажам да! – напиша на Фејсбук осомничениот за убиството на неговиот татко.