Ова е момчето (13) кое ги нападна мајката и синот! Соседите во шок по морничавото злосторство кај Зрењанин, еве што рекоа (ФОТО)

Момче (13) од село Радоево во општина Нова Црња ноќта меѓу саботата и неделата околу 03.00 часот упаднало во семејната куќа на В.С. и нејзиниот син М.С на улица Маршал Тито бр.92 и на М.С. неколку пати го прободел во градите а со секира и’ нанел тешки повреди на мајка му.

– Момчето е уапсено веднаш по трагичниот чин, а во полицијата на Зрењанин се и неговите родители кои покрај ова момче имаат уште четири деца, две ќерки и два сина – изјави извор запознаен со случајот.

Соседите се шокирани од злосторството што го направи момче кое има само 13 години.

– Ова што се случува е страшно, пред еден месец нашата мештанка беше силувана и ограбена, а сега еве го ова – уште едно проблематично момче – со воздишка изјави постар жител на Радоево, пограничен град со соседна Романија, инаку сосед на тешко повредениот М.С.

Соседите за мотивот на нападот

Како што објаснил еден од соседите, не знае кој би можел да биде мотивот момчето вака да ги нападне другарот и мајка му.

– Кој е мотивот на нападот, навистина не знам, се дружеа, беа добри другарчиња. Најверојатно се скарале, па овој им пошол дома – вели постар жител на Радојева.

Друг жител на Радојева немаше пофални зборови за малолетниот напаѓач.

-Тоа момче од мали нозе беше агресивно, крадеше низ селото, предизвикуваше тепачки, а со баба му беше во згрижувачко семејство. Инаку, тој требало да биде преместен во село Александрово, таму бил неколку дена со семејство, но потоа бил вратен кај баба му. Таа баба му застана стоеше зад него а нам таа ни вети дека нејзиното внуче нема да прави проблеми во селото – додава жителката на Радојева.

Бабата на напаѓачот била во Здравствениот дом во соседна Српска Црна. –

Болна сум, дојдов да примам седативна инекција, не се чувствувам добро. Беше со мене до пред шест месеци, но се врати во куќата на неговите родители – изјави бабата на малолетниот насилник кој со секира и нож тешко повреди жена и нејзиниот син тинејџер.

Нејзините зборови ги потврдил човекот со кој бабата живее во Радоево.

– Навистина ништо не знам, цела ноќ работев во Жабље, мојата невенчана жена отиде на лекар, а тој навистина со месеци не е со нас, само една од сестрите е со нас – рече мажот. .