ОВА Е МОМЧЕТО (13) КОЕ МАСАКРИРАШЕ 12 ЈАГНИЊА! Со секира им ги столчи главите, а неговиот брат ја силувал малолетната сестра!
Пред два месеци, на соседот кој живее три-четири куќи подалеку од нас му уби десет кокошки. Се случува наутро да замине некаде и да го нема до 11 навечер, неодамна го најдовме во еден магацин, беше недела, го прашуваме „каде си бил“, а тој молчи… Кога малку од блиску го погледав имав што да видам, неговите џебови беа полни со ловечки патрони. Кој знае каде ги украл, веројатно од некои ловџии, тие во недела одат на лов – рекол сопственикот на имотот за ова момче.
Во селото Марковац, во близината на Вршац, во понеделникот се случи морничав случај, момче старо 13 години со секира уби 12 јагниња.
На социјалните мрежи се појави и видео од овој масакр, а го сподели сопственикот на овците, Предраг Тадиќ, кој, како што пишува Република, прифатил семејството на момчето да живее во неговата стара куќа.
Инаку, станува збор за момче од распаднато семејство. Тој е едно од седумте деца, а мајка му ги оставила кога татко му се разболел. Мажот е тешко болен, преживеал мозочен удар. Братот на момчето си ја силувал сопствената малолетна сестра и поради тоа се уште е во затвор.
Неговиот татко, него и неговите три сестри ги примил Предраг Тадиќ, чии овци момчето ги масакрирало со секира.
Новинарот на Република можел накратко да разговара со таткото на детето, кој го извршил ова грозоморно злосторство.
Вели дека сопругата го оставила кога се разболел, но не само него, туку и децата.
Во шок сум – успеа да каже.
Најлошо е што не ја интересираат децата. Таа рече дека знае дека се безбедни со нас, што е вистина, ние ги гледаме како свои роднини, а за мајка им не сакаат да слушнат – продолжува сопственикот на имотот Предраг Тадиќ.
Инаку, откако ги убил јагнињата со секира, момчето во соработка со полицијата и Центарот за социјална работа во Панчево било пренесено во Клиничкиот центар во Војводина.
Како што е потврдено, овој грозоморен случај е пријавен во полиција, а момчето ќе остане на понатамошни испитувања.
Понатамошна истрага ќе спроведе Вишото јавно обвинителство Панчево.
Да потсетиме, во селото Марковац, кај Вршац, во понеделникот попладне се случи грозоморен случај кога 13-годишно момче со секира ги уби сите 12 јагниња во трлото.
Сопственикот на П.Т од Марковац на мрежите објави видео од масакрот.
Семејството на момчето кое ги уби јагнињата предходно беше познато по инцидентот што се случи пред неколку години.
Инаку Даниел Ж.(27), од Марковац кај Вршац, братот на момчето кое ги уби јагнињата, беше осуден на единствена казна од 13 години затвор за силување и обљуба на неговите две сестри на возраст од 5 и 15 години.
Злоупотребата на девојчињата била пријавена во полиција кон средината на декември 2018 година од страна на вработени во Специјалното училиште во Вршац, во кое учела постарата девојка, која исто така е со попреченост во развојот. Рекоа дека чудно се однесувала на училиште, па со неа разговарал психолог. Преку разговорот дознале дека нејзиниот брат подолго време сексуално ја злоставувал.
Даниел беше уапсен на 14 декември во семејната куќа во Марковац, каде живее со родителите и уште пет други браќа и сестри.
-Токму во таа куќа со месеци ги силувал своите сестри. Ја искористил приликата кога немало никој дома – изјавиле тогаш истражните органи.