ОВА Е НАВИСТИНА БИЗАРНО – Млада девојка изјави дека никогаш не доживеала сообраќајна несреќа а неколку дена подоцна го загуби животот во судар!
Младата ТикТок ѕвезда загина во трагична сообраќајна несреќа само неколку дена откако сними видео во кое вели дека таа никогаш не доживеала сообраќајна несреќа.
Кара Санторели (18 г.) од Флорида, САД загинала кога автомобил поминал од спротивната лента и удрил во нејзиното возило. Една недела пред самата несреќа, таа споделила видео на социјалната мрежа ТикТок каде кажува дека никогаш не доживеала несреќа.
„Кога ќе се обидат да ме наречат дека сум лош возач, а јас никогаш не сум удрила човек или вистински автомобил“, пишувало на видеото објавено од девојката.
Откако таа починала во несреќата, видеото брзо стана вирално, а досега собра над неколку милиони прегледи.
„Кара имаше само 18 години и беше навистина млада кога почина, но таа допре повеќе животи во нејзините 18 години отколку што допираат повеќето луѓе во текот на животот. Знајте дека Кара беше сакана и беше светлина што светеше за време на нејзиниот престој на земјата“, изјавило нејзиното семејство за тамошните медиуми.
Таа наводно работела во локален бар, чиј сопственик исто така бил шокиран од смртта на девојката. Според него, нејзината насмевка и енергија нема да ја заборават и вработените и оние кои дошле да го посетат барот.
„Ако не ја познававте Кара, пропуштивте да запознаете многу посебна личност која остави голема празнина во нашите срца“, се вели во соопштението на барот објавено на социјалната мрежа Фејсбук. Од девојчето се прости и нејзиното средно училиште, каде таа учела.
Во коментарите на социјалната мрежа ТикТок, корисниците го изразија својот шок од она што се случило, односно поради бизарната и застрашувачка коинциденција помеѓу видеото и фактот дека таа починала од сообраќајна несреќа.