ОВА Е НАВИСТИНА СТРАШНО – По бурната ноќ, девојка заспала во лоша позиција, за малку требало да и ги ампутираат двете нозе: “Вискав од болка!“ (фото)
Поради прекин на циркулацијата Канаѓанката за малку ќе ги загубила двете нозе. По моминската вечер и уште неколку испиени пијачки, Џулија Андерсон (36 г.) се „фрлила“ на креветот и заспала во незгодна положба. Неколку часа подоцна се разбудила со отечени нозе и не можела да се движи, пишува Daily Mail.
Џулија била загрижена дека на излегување ги скршила двете нозе, а нејзината 70-годишна мајка Сандра веднаш повикала итна помош. Дијагностициран и е синдром на компартман, фатална состојба која настанува кога крвта не допира до мускулите и нервите. Недостатокот на циркулација на крвта во нејзините нозе ги лишил екстремитетите од кислород и друга храна, а докторите потврдиле дека таа би ги изгубила нозете доколку не реагирала навреме.
„Кога пристигнав во болница целото тело ми беше отечено. Имам само 45 килограми, на докторите сигурно им изгледав како да имам најмалку 65. Им реков дека не изгледам вака и дека нешто не е во ред“, рекла Јулија.
Синдром на компартман се јавува кога слузницата на нервите и мускулното ткиво, наречена фасција, е под притисок поради модринки, крварење или некоја друга повреда. Фасцијата не е еластична и не може да се прошири за да дозволи поминување на течноста, поради што почнува да се акумулира. Андерсон завршила во болница во раните утрински часови во 2020 година, откако заспала по излегувањето.
„Вкупно испив 20-тина пијачки во текот на вечерта, значи доста. Бев попијана од вообичаено, а кога се вратив дома, решив дека е најдобро да одам да спијам. Заспав свиткана на колена“, се присетила Џулија.
Итната помош ја однела во болницата „Мајкл Гарон“ во Торонто каде и била подложена на низа тестови, по што следела итна операција каде и ја отвориле ногата, отсекле дел од мускулот за да се намали отокот и да се намали ослободувањето на токсините во крвотокот. Поминала две недели на интензивна нега, била приклучена на апарат за дијализа и и била пресадена кожа од бутот.
„Оштетувањето на нервите толку многу ме болеше што врескав од болка. Замислете дека вашата нога заспива, а тоа чувство на пецкање е илјада пати посилно, како остар струен удар во ногата“, кажала таа.
Закрепнувањето во болница траело пет недели, таа била на домашна нега дополнителни три недели и морала да пие силни лекови против болки една година. Три години се срамела од своето искуство, но потоа ја споделила својата приказна со надеж дека ќе поштеди некого од слично искуство.
„Се засрамив, кој сака да се пофали дека заспива како идиот ? Се срамев бидејќи тоа можеше секому да му се случи“, заклучила таа.