ТРАГИЧНА СМРТ – Поранешна мисица, вработена кај познат поранешен фудбалер колабирала и починала на работа – таа имала само 25 години

Пријателите се збогуваат со 25-годишната Џесика Вели, поранешна мисица, која почина во вторникот на имотот Manor House Stables“, куќа во Малпас, Чезир, која е во сопственост на поранешниот англиски фудбалер Мајкл Овен

Вели, кој јавала коњи уште од детството и се истакнувала во коњичките спортови, работела таму како транспортен менаџер.

На една млада жена и се слошило на работа, а иако итната помош пристигнала брзо, не можеле ништо да направат за неа. На местото на настанот била констатирана смрт. Полицијата соопшти дека не се работи за насилна смрт. Што ја предизвикало прераната смрт на Џесика Вели ќе открие судскиот вештак.

Во соопштението од „Manor House Stables“, рекоа дека длабоко жалат за загубата на нивниот пријател и вреден колега и бараат приватност во овој тежок период.

Џесика Вели се опишала себеси како „глава на патувањето“ во шталите за коњи, а работела и за шеикот Хамдан бин Рашид Ал Мактум од Обединетите Арапски Емирати, сопственик на голем меѓународен синџир на штали.

Учествувала на натпревари за убавина – во 2019 година и ја претставувала Велика Британија на натпреварот „Miss Tourism Universe“, одржан во Бејрут, и влезе во првите десет.

Нејзините пријатели во своите објави пишуваат дека била убава личност, вредна и истрајна, а една пријателка објавила и фотографија направена само три дена пред нејзината смрт, на која се забавуваат со чаша вино. Иако беше активна на социјалните мрежи и имаше околу 10.000 следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, нејзините профили беа заклучени.

Имотот на кој работеше Вели, освен неговиот познат сопственик, е познат и како врвна школа за јавање. Овен вработуваше реномирани соработници, а од минатата пролет тука е и базата на Хуго Палмер, поранешен коњички ас и победник на бројни натпревари.