ВИДЕО | Кристијано Роналдо го освои најмалку важниот трофеј во кариерата, но со нетрпение го очекуваше како мало дете

Кристијано Роналдо постигна два гола во финалето против Ал-Хилал и го предводеше својот Ал-Наср до титулата во Купот на арапските шампиони.

Откако во првото полувреме немаше голови, второто полувреме беше отворено со голот на Михаел за водство на Ал-Хилал од 1:0.

Стоперот Ал-Наср Абдулелах Ал Амри доби црвен картон во 71. минута, но и со играч помалку израмнија кога Роналдо постигна гол во 74. минута. Натпреварот отиде во продолженија, а Роналдо во 98. минута од натпреварот го постигна решавачкиот гол за конечни 2:1.

Ова беше 31. клупски трофеј за Роналдо во кариерата и секако најмалку важен. Прекрасниот Португалец освои домашни првенства, купови, суперкупови, ЛШ, но и покрај тоа, на овој трофеј се радуваше како мало дете.

“Исклучително сум горд што му помогнав на тимот да го освои овој важен трофеј за прв пат во историјата. Им благодарам на сите во клубот кои придонесоа за ова големо достигнување, на моето семејство и пријателите кои секогаш беа покрај мене. Поддршката од нашите навивачи беше фантастично, ова ви припаѓа и вам“, изјави Роналдо.

Купот на арапските шампиони е натпреварување кое е основано во 1981 година, а во него играат најдобрите клубови исклучиво од арапскиот свет.

Ал-Наср до синоќа немаше ниту играно финале, а Роналдо стана првиот фудбалер во историјата на натпреварувањето кој постигнал голови во групната фаза, четвртфиналето, полуфиналето и финалето.