ПОЖАРОТ БРЗО СЕ ПРОШИРИЛ – Нов пожар кај Атина, голем број пожарникари на терен

Во ридската област Неа Перамос недалеку од Атина, во близина на автопатот кај Елефсинос, синоќа избувна шумски пожар.

Грчката телевизија ЕРТ јави дека пожарот бил изгаснат од силни сили на Противпожарната служба, а патот кон Коринт кој бил затворен е повторно пуштен за сообраќај.

Пожарот избувнал околу два часа по полноќ и брзо се проширил, со оглед на тоа што на ова подрачје дува силни ветрови кои го туркаат предниот дел на огнот кон планината, јави Танјуг.

Како што соопштија утрово од Противпожарната служба, во околината има неколку куќи, но тие не се директно загрозени од пожарот.

Во акцијата за гаснење на пожарот учествуваат 58 пожарникари со 21 противпожарно возило.