„ОВА Е НАПАЃАЧОТ ОД СИДНЕЈ“ Влетал во трговскиот центар и ги избодел луѓето со нож, полицијата веднаш пукала во него (ФОТО, ВИДЕО)

Според неофицијални информации, полицијата убила еден маж кој избодел посетители во трговски центар во Сиднеј, додека по друг се уште се трага!

На социјалните мрежи се појави фотографија од млад човек со нож во рацете како се качува по ескалатор во трговски центар .

На друго видео од Сиднеј се гледа како истиот човек лежи неподвижен во локва крв додека полицијата стои покрај него.

Медиумите неофицијално наведуваат дека во нападот има најмалку четворица загинати.

Службата за брза помош на Нов Јужен Велс соопшти дека седум лица биле пренесени во болница со убодни рани. Меѓу нив има и деветмесечно бебе кое е префрлено во детска болница во Сиднеј.