Хаос во Рим: Сè уште не се знае кога Ѓоковиќ ќе излезе на теренот! Навивачите бесни! Организаторите се во голема неволја

Организаторите на Мастерсот од серијата 1000 во Рим наидоа на големи проблеми.

Поради лошите временски услови, односно дождот кој го зафати главниот град на Италија, голем број натпревари не беа завршени. Тие натпревари, како и голем број на натпревари кои не се ни почнати, а беа закажани за сабота, ќе се играат во недела.

Затоа организаторите се уште го немаат објавено распоредот на натпреварите за недела, за кога беше закажано и дербито од третото коло во кое се среќаваат Новак Ѓоковиќ и Григор Димитров. Организаторите најавија дека распоредот ќе го објават подоцна.

Покрај хаосот во организацијата, на столбот на срамот завршија и домаќините поради одлуката навивачите кои имаа билети за саботните натпревари да не можат да влезат во недела. Тие ќе бидат вратени.