ОВА Е НАЈГОЛЕМАТА ФОТОТЕРМАЛНА ЕЛЕКТРАНА ВО КИНА! Опкруженa е со 12.000 подвижни огледала, а еве ги неговите ГЛАВНИ ПРЕДНОСТИ
Најголемата фототермална централа во Народна Република Кина, која се наоѓа во провинцијата Гансу на северозападот на земјата, ја подобри стабилноста на регионалното снабдување со енергија и ја подигна енергетската ефикасност на повисоко ниво.
Во Фототермалната централа во Дунхуанг, 12.000 подвижни огледала опкружуваат кула висока 260 метри. Електраната зафаќа повеќе од милион квадратни метри, а секое огледало зафаќа површина од 115 квадратни метри. За разлика од директната трансформација на сончевата енергија во електрична енергија, фототермалната постројка може да ги контролира своите подвижни огледала кои прецизно ја рефлектираат сончевата енергија и да ја фокусираат на кула која собира топлина во центарот на постројката. Тие можат посеопфатно да ја користат топлинската енергија преку нивните сложени механизми за работа.
– Најголемата разлика меѓу двата режима на работа е што фотоволтаичните уреди можат да произведуваат струја само кога има светлина, а не ноќе. Тие не можат да постигнат континуирано производство на енергија. Целта на производството на фототермална енергија е да се обезбеди користење на светлосни ресурси. Можеме поефикасно да ја користиме енергијата наместо да ја трошиме – изјави еден од работниците.
Во првата половина на 2023 година, кинескиот капацитет за производство на електрична енергија во провинцијата Гансу достигна 72.000.000 киловати, од кои дури 55 отсто се произведени од различни видови енергија.