Ова е најдоброто масло за пржење

Истражувањето објавено во Journal of Agricultural and Food Chemistry, научно списание на Американското хемиско друштво, помогна да се расчисти секој сомнеж, давајќи ни го конечниот одговор.

Често се прашуваме кое масло е најсоодветно за употреба во кујната кога станува збор за пржење, метод на готвење кој не е претерано здрав, но е исклучително вкусен.

Одговорот доаѓа директно од науката и не остава простор за сомнеж: најдобро масло за пржење, спротивно на клишеата, е маслиновото масло, пренесува Нови лист.

Всушност, маслиновото масло е растителна маст со многу висока точка на чад (околу 240 °) што е добро за лесно и тешко пржење.

Истражувањето објавено во Journal of Agricultural and Food Chemistry, научно списание на Американското хемиско друштво, помогна да се расчисти секој сомнеж, давајќи ни го конечниот одговор.

Истражувањето под наслов „Следење на карактеристиките на квалитетот и стабилноста и составот на масни киселини на рафинираните маслинки и масла од семки при повеќекратно пржење во тава и длабоко пржење“ го анализирало однесувањето на различните масла и открило дека маслиновото масло е најдоброто за овој вид готвење.