ОВА Е НАЈМОЌНИОТ ЧОВЕК ВО ЕВРОПА – Неговиот кам-бек ќе се почувствува низ целиот континент

Две децении, двајца мажи се борат за душата на Полска, започнува написот на Politico за Доналд Туск, човекот кој беше оценет како најмоќен во Европа откако угледниот весник состави листа на 28 највлијателни луѓе во Европа.

Зошто Доналд Туск беше избран за најмоќен човек во Европа ? Станува збор за човек кој беше претседател на Европскиот совет пред да се врати како лидер на центристичката опозиција во Полска. По осум години од владеењето на конзервативниот, националистички ПиС (Право и правда) на Јарослав Качињски.

Полска, означена како новата голема европска сила, сега е на прагот на новата ера на Доналд Туск, а ветерот на промените повторно дува. Успехот на Доналд Туск на изборите во октомври, на кои харизматичниот 66-годишник предводеше група партии од десниот центар до левиот, и дава на неговата коалиција јасен пат до власта.

Неговиот политички настап во петтата најнаселена земја во ЕУ – обезбеден и покрај очајните обиди на ПиС да ја сврти климата во своја полза користејќи медиуми контролирани од државата и полската каса – покажа дека дури и во погрешен систем е можно да се поразат вкоренетите популисти на платформа на враќање на мејнстримот.

Тоа е трошка надеж за центристите ширум континентот, кои во очај гледаа како популистичките сили се движат од маргините на политичкото постоење до формирање Влада: Џорџија Мелони е на власт во Италија, пријателот на Владимир ПутинРоберт Фицо се врати во Словачка, десницата во Германија е во пораст на анкетите, а десничарската партија Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан изгледа посилна од кога било. И тоа пред некој да ги спомне двата „руски слона“ во политиката: Доналд Трамп од другата страна на Атлантикот и Герт Вилдерс во Холандија.

Успехот на Доналд Туск не се слави никаде повеќе како во Брисел, каде што тој е добро познат и сакан откако беше претседател на Европскиот совет од 2014 до 2019 година. Под ПиС, полската Влада долго време беше во несогласување со ЕУ околу нејзиното повлекување од, како што е формализирано од Европската комисија, владеењето на правото. ПиС спроведе низа реформи за кои Судот на правдата на Европската унија заклучи дека ја загрозуваат независноста на судството, а во меѓувреме жестоко ги критикуваа институциите на ЕУ и гласаа против клучните закони.

Ако Доналд Туск успее да формира Влада, тој вети дека ќе ги смени судските реформи на неговите претходници, ќе го врати статусот на Полска како демократска и слободна земја и ќе ја постави во срцето на одлучувањето во Европската унија.

Одгласите на враќањето на Доналд Туск ќе се почувствуваат низ цела Европа, пишува Politico. Полско-германските односи се влошија за време на годините на власт на ПиС, поради постојаните барања од Варшава, Берлин да плати трилиони евра воени репарации. Затегнати беа и односите на Полска со Франција. Владата на ПиС остро го критикуваше Емануел Макрон за неговите напори да се позиционира како миротворец кој, за време на руско-украинската војна, разговара со Владимир Путин. Со Доналд Туск на чело на Полска, гореспоменатите тензии би спласнале, а тројката ПолскаФранцијаГерманија би можела да ја формира оската на нова Европа.

Не помалку важно, Виктор Орбан би изгубил еден од неговите најважни партнери. Унгарецот има нов сојузник во Словачка, но Братислава не е ни приближно силен играч како Варшава. И додека победата на Герт Вилдерс на изборите во Холандија на крајот може да му понуди на Виктор Орбан голем број нови опции, во неуредниот свет на холандската политика би можеле да му бидат потребни месеци и месеци за да формира владина коалиција, ако воопшто успее.

Киев, кој во последните месеци се бори со Варшава за украинскиот земјоделски извоз, исто така ќе земе здив. Доналд Туск веќе повика на непоколеблива поддршка за Владата на Володимир Зеленски. Едно е сигурно, а тоа е дека Доналд Туск нема да може преку ноќ да ја промени Полска. Неговата граѓанска коалиција доби помалку гласови од Право и правда, што значи дека тој ќе мора многу да се потпира на коалиционите партнери. Осум години на власт им дадоа можност на силите на Јарослав Качињски да воспостават механизми на владеење и да го постават својот народ на стратешки позиции. Доналд Туск, исто така, ќе мора да се бори со сојузникот на ПиСАнджеј Дуда, претседателот со право на вето, кој му даде прва (веројатно осудена) шанса на актуелниот премиер Матеуш Моравјецк да формира Влада. Едно е сигурно, заклучува Politico, со приближувањето на претседателските избори, битката на Доналд Туск против Јарослав Качињски ќе продолжи најмалку до 2025 година.