ОВА Е НАЈСКАПАТА ПЕСНА НА ЕСТРАДАТА Марина Туцаковиќ ги напиша овие пет збора и заработи 100.000 евра
Пејачката Неда Украден која со години е на јавната сцена изгради завидна кариера, а нејзините песни се големи хитови. Сепак, песната „Зора је“ е нејзина лична карта.
Во далечната 1985 година, музиката за оваа песна ја напиша Ѓорѓе Новковиќ. Отпрвин сакал да ја нарече песната „Милански лебед“, но Неда токму тогаш раскинала со сопругот Милан, па таа не му дозволила.
Како што еднаш раскажа Неда, во пишувањето на текстот учествувала легендарната Марина Туцаковиќ, која наводно добила над 100.000 евра благодарение на едниот и единствен напишан стих „Суза је из ока канула“. Наводно за тоа добила повеќе од 100 илјади евра.
Песната ми ја напиша покојниот Ѓорѓе Новковиќ и двајцата неколку пати се расправавме за самиот наслов на песната. Прво го нарековме ‘Јоване, зора је’, потоа ‘Милане, зора је’. Последната и конечна верзија е ‘Зора је’. На крајот и се јавив на Марина Туцаковиќ, која напиша само еден стих, и тоа: „Суза је из ока канула“. Тој стих и донесе повеќе од 100 илјади евра – изјави своевремено Неда, а со оваа информација ја изненади јавноста.