ОВА Е ОРУЖЈЕТО ОД КОЕ ПУКАЛО МОМЧЕТО (13) ВО НОВИОТ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ЕРУСАЛИМ: Ранети татко и син во критична состојба
13-годишно момче од источен Ерусалим отворило оган на влезот на археолошкиот локалитет Град Давид. Во нападот биле ранети татко и син, додека малолетниот напаѓач бил застрелан од двајца цивили, кои имале пиштол и дозвола за носење и употреба.
Полицијата потоа го опколила напаѓачот. Инаку, ова е втор напад за помалку од 24 часа. Инаку, одговорноста за масакрот во синагогата во Ерусалим, кога загинаа осум лица, а 16 беа ранети, ја презеде Хамас.
Итната помош во болница го пренела 22-годишно момче и 45-годишен маж и тие се во критична состојба.
Фотографија од пиштолот објави и израелската полиција.
Станува збор за полуавтоматски пиштол Браунинг Хи Пауер од 9 мм.