Фатон Хајризи, да потсетиме, пред една недела побегна од затвор во Косово, каде ја отслужуваше казната за убиство на руски војник на КФОР и други кривични дела.
Фатон Хајризи, кој го уби српскиот полицаец Никола Крсмановиќ и го рани Вјекослав И. е убиен денес во Лозница во размена на оган со српските специјални сили.
Кога бил лоциран Хајризи, испукал низа куршуми кон полицајците, чии животи биле спасени од панцирите и шлемовите. Тие возвратиле и го ликвидирале.
Курир ги објави сликите од местото на настанот. Меѓу другото, фотографија од пиштолот со кој Хајризи пукал во српската полиција, најверојатно убивајќи го Никола Крсмановиќ и ранувајќи го Вјекослав И.
На пиштолот на Хајризи, на дрвената дршка, е изгравирано логото на „ОВК“, односно Ослободителна војска на Косово (УЧК).
Да потсетиме, во средата, еден час по полноќ, при контрола на возило на граничниот пункт во Липнички Шор во Лозница, полициски службеници запреле возило „мерцедес“ управувано од таксистот Митхат Хаџиќ од Тутин, но лицето кое било сопатникот отворил оган во нивна насока. Од здобиените повреди Никола починал, а неговиот постар колега Вјекослав е тешко повреден, но е надвор од животна опасност.
Фатон Хајризи, да потсетиме, пред една недела побегна од затворот во Косово, каде ја отслужуваше казната за убиство на руски војник на КФОР и други кривични дела.