Ова е политичарот осомничен за силување во Нови Сад! Учествуваше на изборите во 2020 година а потоа беше избркан од партијата
Поранешниот политичар и кандидат на парламентарните избори во 2020 година, Срѓан Егиќ (42) е уапсен вчера во Нови Сад под сомнение дека силувал девојка од Кула.
Како што неофицијално дознаваме, девојката во полиција изјавила дека со Егиќ се запознала преку Фејсбук и дека тој ја поканил на пијачка на 8 март. Наводно и’ ветил дека ќе и’ помогне да најде стан и работа. Со изговор дека секаде има гужва поради прославата на Осми март, ја однел во својот стан.
Таму тој наводно побарал од жртвата да водат љубов при што таа го одбила, а тој потоа со употреба на сила ја принудил на тоа. После тоа девојката успеала да побегне од станот и побарала помош од случајни минувачи кои ја однеле во полиција.
Полицијата за целиот случај го известила обвинителството а повредената девојка била на гинеколошки преглед. На распитот го обвинила Егиќ, кој вчера бил уапсен а Вишото јавно обвинителство на Нови Сад му одредило притвор до 48 часа.
Кој е Срѓан Егиќ?
Инаку, Срѓан Егиќ дипломирал на Факултетот за политички науки (меѓународни односи) а магистрирал и докторирал на економски науки.
Од 2008 до 2013 година бил директор на Слободната царинска зона Нови Сад АД кога беше сменет од владејачката Српска напредна партија. Од 2009 до 2012 година бил волонтерски советник на тогашниот градоначалник на Нови Сад, Игор Павличиќ а од 2014 до 2016 година бил директор на Детското село во Сремска Каменица.
Тој беше на листата на Обединета демократска Србија на парламентарните избори во 2020 година – коалиција основана од СРБИЈА 21 и Војводинскиот фронт предводен од Лигата на социјалдемократите од Војводина, Партијата на модерна Србија и Граѓанскиот демократски форум.
Срѓан Егиќ, кој беше избришан од членството на Демократската партија поради неговата кандидатура на листата на Обединета демократска Србија, испрати отворено писмо до јавноста пред изборите во 2020 година во кое изјави дека се кандидирал на листата на УДС поради падот на ДС и учеството на партиите во „националистичкиот и проруски“ Сојуз за Србија.
Во неговата биографија стои и дека е основач на неколку ИТ компании и има црн појас во џудо.