ОВА Е ЖЕНАТА КОЈА ЈА УБИЛ ИНСПЕКТОР ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР: Детали за злосторството во Тузла: Извадил пиштол и побегнал, уапсен е пред зграда

Полицаецот Е.Ќ. убил жена вечерва во трговски центар во Тузла, открива порталот Аваз.

Како што пренесува тој портал, тој бил во некаква врска со А.К., која ја убил со истрели од пиштол. Според тој портал, таа била сопственичка на кафуле .

“Имала уште малку време до пензија“, рекол соговорникот на Аваз.

Соговорниците рекле и дека двајцата биле во „ некаква врска “, но не во брак.

„Околу 21 часот вечерва во ПС Центар е пријавено дека машко лице употребило огнено оружје во ТЦ Сјењак во Тузла, при што женско лице се здобило со повреди од кои подлегнало. Осомничениот маж се оддалечил од местото на настанот, по што со брза интервенција на полициски службеници бил пронајден и лишен од слобода“, соопшти МУП Т.К.

Осомничениот полицаец бил уапсен од специјалците веднаш по убиството.

Побегнал од трговскиот центар, го уапсиле пред зградата

Имено, по убиството тој побегнал од местото на настанот, а Специјалната единица на МВР Т.К., го привела пред неговата зграда во која живеел.