„Ова е полошо отколку да бев болен“ Лукас ГО ПРЕКИНА НАСТАПОТ – по АПСЕЊЕТО и се обрати на публиката

Ова не е првпат да има проблеми со законот.

Пред два дена како бомба одекна веста дека Аца Лукас е приведен откако сообраќајната полиција го запрела на пат кон Копаоник. Тој бил задржан 12 часа во полициска станица, а потоа бил пуштен.

Лукас бил запрен од сообраќајната полиција на бензинска пумпа на влезот во Брус и по тестот кој покажал дека наводно е позитивен на наркотици и возел без возачка дозвола, бил приведен во полициска станица, објавија српските медиуми.

Поради овој инцидент, вечерта беше откажан неговиот настап на Копаоник. Тој синоќа настапи, а во еден момент престана да пее за да и се обрати на публиката:

– Нема да зборувам многу како некои, само да ќе кажам два збора. Големо извинување до сите што дојдоа на шоуто, на кое јас не се појавив. Објективно бев спречен. Ова е полошо отколку да бев болен. Сите знаете за што се работи, се разбира, наздравје во таа чест бидејќи не ми е прв пат. Но, јас сум како феникс, секогаш излегувам од тие соништа. Се надевам дека заслужив аплауз за тоа – изјави Лукас.

Потсетуваме, Аца Лукас призна дека го прекршил законот.

– Јас сум виновен и преземам одговорност за моите постапки. Државните органи својата работа ја вршеа во согласност со законот, а јас немам забелешки за нивната работа – изјави Лукас за Hype.