ОВА Е ПОРАНЕШНИОТ ДЕЧКО НА МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ! Се натпреварувал на Евровизија по раскинувањето, а еве како изгледа денес! (ФОТО)

Пејачката Марија Шерифовиќ своевремено беше во врска со црногорскиот пејач и актер Славко Калезиќ , кој се прослави по врската со неа.

Јавноста долги години е заинтригирана од сексуалната ориентација на Марија Шерифовиќ , додека познатата поп ѕвезда ја призна својата истополова приврзаност во својот автобиографски документарен филм.

Единствениот маж кој досега и го претстави на јавноста беше црногорскиот пејач и актер Славко Калезиќ. Двајцата ја започнаа својата врска во 2007 година, набргу откако Марија триумфираше на Евровизија со песната „Молитва“. Нивната романса траеше шест месеци, во кои тие не ги криеја емоциите од очите на јавноста.

Марија Шерифовиќ

– По нејзината победа бевме заедно. Искрено, тогаш разговаравме, но искрено тоа не ми помогна во кариерата, имав своја стратегија – изјави Славко своевремено во емисијата „Амиџи шоу“ со Огњен Амиџиќ.

За крајот на оваа љубов за медиумите проговори и Марија.

– Морам да се фокусирам на работата, и не сакам никого да оптеретувам. Љубовта на далечина едноставно не траеше – изјави тогаш Марија.

По раскинувањето, Славко продолжи со кариерата. Во 2017 година ја претставуваше Црна Гора на Евровизија. Исто така, тој учествуваше и во британското шоу за таленти „X factor“, каде не го криеше својот ентузијазам за пејачката Никол Шерцингер.

Славко денес во својата 37-ма година е активен на социјалните мрежи каде со своите следбеници споделува моменти од својот живот.