Навивачите на Ливерпул со голема тага се збогуваат со Диого Жота и засекогаш ќе се сеќаваат дека неговиот последен гол во животот беше решавачкиот гол во градското дерби.
Последниот гол за Ливерпул, но и во целиот негов живот, Диого Жота го постигна за победата на Ливерпул од 1:0 против Евертон. Судбината се заговорила еден толку важен гол да биде последен во неговата кариера и живот.
Беше на 2 април оваа година кога Ливерпул и Евертон се сретнаа на „Енфилд“. „Црвените“ се бореа за титулата во Премиер лигата, а тој гол им ја донесе победата што им го отвори патот кон титулата.
Тоа е вистинска минијатура бидејќи тој „нанижа“ двајца одбранбени играчи на Евертон со дриблинзи, а потоа со моќен удар ја погоди мрежата на градскиот ривал. Се играше 57-та минута, а до крајот Евертон не успеа да се врати во натпреварот.
Навивачите на Ливерпул го славеа и го сакаа како вистински фаворит. Иако имаше многу проблеми со повреди откако пристигна од Вулверхемптон во 2020 година, секогаш кога беше на теренот, тој го даваше својот максимум и беше голема закана за противничките голмани.
За жал, утрово беше потврдена катастрофалната вест за неговата смрт. Диого Жота, заедно со неговиот брат Андре Силва, загина во сообраќајна несреќа што се случи во Шпанија.
Двајца браќа фудбалери доживеале вистинска несреќа на автопатот. На Ламборџини Урус му пукнала гума при полна брзина, возачот ја изгубил контролата, а автомобилот се запалил од силата на ударот. За двајцата фудбалери немало спас.