ОВА Е ПРИЧИНА ЗА ПАНИКА НА ЗАПАД Ким ги претстави руските стратешки бомбардери способни да носат нуклеарни боеви глави, а ова е само почеток

САД и нивните сојузници се загрижени поради затоплувањето на односите меѓу двете соседни земји.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу разговараа за практични прашања за зајакнување на воената соработка , објавија денеска државните медиуми во Северна Кореја.

Севернокорејските медиуми потсетуваат дека за време на неговата посета на Русија, на Ким му биле претставени руски стратешки бомбардери способни да носат нуклеарни боеви глави, како и хиперсонични ракети и воени бродови , пренесува Ројтерс.

Ким и Шојгу „размениле конструктивни мислења за зајакнување на стратешката и тактичката соработка и координација на вооружените сили на двете земји во областа на националната одбрана и безбедност“, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Продолжувајќи ја својата еднонеделна посета на Русија, Ким денеска ќе посети неколку фабрики за храна , јави руската агенција РИА Новости.

Во средата Ким се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, со кого разговараше за воените прашања, војната во Украина и продлабочувањето на соработката.

САД и нивните сојузници се загрижени за одмрзнувањето на односите меѓу двете соседни земји, во време кога Русија продолжува со нападите врз Украина, а Северна Кореја продолжува да ги развива своите нуклеарни и ракетни програми, потсети Ројтерс.