Уапсен е Љупчо Палевски! Прва слика од Палчо по апсењето! Осомничен дека е организатор на киднапирањето и убиството на Вања (14)!

Ова а првата фотографија од уапсениот Љупчо Пелевски, осомничен дека е организатор на киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска (14).

Пелевски вечерва е уапсен во Турција по потерница од македонскиот Интерпол.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги откри деталите за криминалот што го потресе целиот регион. Спасовски рече дека Палевски преку Србија и Бугарија преминал во Турција.

– Со автомобил беше донесен во Белград и оставен во хотел. Потоа преку Бугарија бил пренесен во Турција во градот Баликешир. Нашите полицајци се сретнале со нивниот оперативен извор, кој ги известил дека осомничениот оттаму сакал да замине во Истанбул и дека се договорил со таксист. Тој остана во Баликешир каде што беше уапсен на улица. Тоа беше последната алка од грозоморниот чин што недостасуваше да се каже дека го решивме случајот – рече министерот.

Љупчо Пелевски

Спасовски рече дека постапката за екстрадиционен притвор е во рацете на Министерството за правда, а потоа ќе се појави пред судот.

– Затоа правдата треба да биде брза и целосно спроведена – рече Спасовски на прес-конференцијата.