ОВА Е СЛИКАНО ПРЕД ЗГРАДАTA: Дали момчето убиец од „Рибникар“ ја напуштило клиниката каде што било сместено?
Како што неофицијално дознаваат српските медиуми, проценката била дека е побезбедно и поефикасно момчето да не ја напушта клиниката и да нема директен контакт со семејството, односно со таткото во постапката против него, во која момчето било сведок.
Момчето убиец кој вчера го изврши масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ преку видео врска сведочеше пред Вишото јавно обвинителство во Белград, каде изјави дека оружјето со кое го извршил делото е обезбедено, и дека неговиот прв контакт со огненото оружје не му го овозможил неговиот татко, како што претходно се шпекулираше во медиумите, изјави адвокатот на таткото Ирина Боровиќ.
Момчето убиец се појави како сведок во постапката против неговиот татко, кој се сомничи дека сторил тешко кривично дело против општата безбедност. Таткото на момчето е во притвор од неговото апсење на 3 мај, истиот ден кога малолетник уби девет ученици и еден чувар во училиштето.
Адвокатот Ирина Боровиќ додаде дека за време на рочиштето момчето изразило каење за стореното.
-Денеска беше сослушан малолетник во врска со чиј чин, трагичен и страшен, се води оваа кривична постапка против обвинетиот татко на момчето. Детално се испитани сите околности кои можеби се важни за откривање на причините поради кои сето тоа го направил. Она што можам да го кажам е дека тој го потврди она што таткото го објасни во однос на начинот на чување и складирање на оружјето, така што беше апсолутно обезбедено. Не можев да кажам детали како го добил оружјето – изјави Боровиќ.
Иако се шпекулираше дека момчето е донесено во Вишото јавно обвинителство за да даде исказ, се покажа дека сведочењето е спроведено преку видео-врска од клиниката каде што е сместено веднаш по трагедијата во „Рибникар“.
Од другата страна, пред зградата на Палатата на правдата, бил забележан автомобилот на клиниката каде што е сместен малолетниот сторител, но, како што дознаваме понатаму, медицинската документација на стручниот тим кој го набљудуваше момчето е пренесена во тој автомобил.