Ова е снаата од пеколот! Дијана и нејзиниот сопруг ги оставија родителите без пари: Им дадоа полномошно, а потоа започна хоророт (фото)

Алчните маж и жена кои ги измамиле своите постари родители земајќи ги нивните заштеди од 117.000 фунти (134.000 евра) и оставајќи ги без пари, денеска се затворени !

Гери Менсел и неговата втора сопруга Дијана живееле удобен начин на живот во луксузно предградие, но сонувале за поудобен живот. Откако добил контрола врз финансиите на неговите родители Фред и Енид Менсел, со полномошно, парот „од пеколот“ тргнал да ги „ограбува“ нивните заштеди, изјави судијата. Тие го продадоа домот на пензионерот за само 100.000 фунти со приватни уплати за да можат да дојдат до готовина за да платат раскошна доградба и кујна.

Гери Менсел, Дајан Менсел

И додека на постарата двојка, која живееше целосно изолиран живот, им беа обезбедени скудни готови оброци , парот уживаше во богат живот од нивните пари. Тие имале 7.900 фунти за 14-дневен одмор во Јамајка, 25.000 фунти доградба на кујната и 4.000 фунти одмор во Кејп Верде, беше кажано на Крунскиот суд на Ливерпул.

Покрај тоа, „снаата од пеколот“ потрошила 9.000 фунти на козметички стоматолошки работи и купила три чанти Шанел и чанта „Лубутин“, додека нејзиниот сопруг и’ купил дијамантски прстен од 3.800 фунти . Тие, исто така, имаале краток престој во скапи хотели во Јорк и потрошиле 245 фунти на парфеми од Jo Malone за време на едно дводневно патување од 600 фунти. На социјалните мрежи тие се пофалија дека летувале на Карибите, додека снаата го покажала новиот Land Rover Discovery со персонализирани регистарски таблички.

Во текот на три и пол години додека живееле со Менсел (таткото) и неговата сопруга, единствениот одмор што го имал стариот пар бил два дена во Ландудно и едвај излегувале. Трагично, Енид Менсел починала потоа, додека нејзиниот сопруг чувствувал дека повеќе не сака да живее поради тоа како нивното единствено дете ги измамило.

Вчера судијатс и двајцата ги стави зад решетки на шест години. Судијата Дејвид Свинертон рече дека тие го извршиле „ најодвратното прикажување на алчност, суета и себичност за да си овозможат да живеатначин на живот над нивните можности“. Тој рече дека ги „ограбиле“ и ги „исчистиле“ заштедите на родителите, оставајќи ги речиси без ништо .

„Имавте позиција на одговорност, моќ и доверба – сето тоа грубо го прекршивте“, додаде тој.

Менсел, кој се појави на својот 61 роденден, заработуваше 95.000 фунти годишно како менаџер во фабриката на Јагуар Ленд Ровер додека не се пензионираше во 2019 година со паушал од 189.000 фунти.

„За многу луѓе тоа би било пристоен приход од кој би можеле да се живее добро, но се чини дека тоа не е доволно за тебе и за Дијана“, им рече судијата.

Гери Менсел, Дајан Менсел

Неговата 58-годишна сопруга, која возела златно БМВ со персонализирани таблички , водела компанија за завеси додека не банкротирала. Во пораките од 2016 година може да се заклучи дека сонувале да станат милионери , соопштија од судот.

Целата измама започна во 2017 година кога Фред Менсел, тогаш 77-годишен, доживеа пад и завршил на одделот за рехабилитација. Неговата сопруга, тогаш 75-годишна и покажувала знаци на деменција, се преселила со синот и неговата сопруга во Вултон, Ливерпул. Гери и Дајан Менсел се венчаа во Лас Вегас во 2005 година, откако тој се разведе од првата сопруга, со која имаше три деца. Пензионерите се согласиле да им дадат полномошно и се вселиле во домот на пензионираниот пар, со продадени 255.000 фунти од сопствениот имот и автомобили.

„Тој веруваше дека неговиот син и сопруга ќе се грижат за него и за сопругата за да не мора да одат во старечки дом на нивната старост “, соопштија од судот. Наместо тоа, тие „сами си помогнале“ и на родителите ги осѕавиче без ништо”.

Вкупно, алчната двојка украла 218.138 фунти од родителите на Менсел , но по проценката на другите трошоци беше откриено дека, измамата била на 117.000 фунти.

Давајќи докази, Фред Менсел ги опиша последните неколку месеци од животот на неговата сопруга како „страшни и трауматични“. Двојката беше осудена за измама преку злоупотреба на положбата и перење пари по Судијата Свинертон рече дека случајот покажува како едно семејство „може да биде уништено од суета и алчност“.

„И двајцата треба да се срамите од себе“, додаде тој.