ОВА Е СОПСТВЕНИКОТ НА “ZARA“ КОЈ ПОЧНА ОД НУЛА И СОЗДАДЕ ИМПЕРИЈА – Еве како настана продавницата по која лудуваат Македонците!

Амансио Ортега, шпански бизнисмен и сопственик на „ZARA“ и уште неколку модни брендови, во 2017 година беше прв на листата на најбогати луѓе на американскиот магазин Forbs. Амансио Ортега потоа го претекна основачот на Microsoft, Бил Гејтс. 

Амансио Ортега, и покрај големото богатство, ретко се појавува во медиумите, а во текот на кариерата дал само три интервјуа. 

Роден е во март 1936 година во селото Бусдонго де Арбас во Шпанија, кое тогаш имало помалку од сто жители. Тој е најмладиот од четирите деца. Татко му бил железнички работник, а мајка му домаќинка. Семејството се преселило во малиот град Ла Коруња, во шпанската провинција Галиција, каде што неговата мајка се вработила како чистачка.

Живееле во многу тешки услови. На 14-годишна возраст, Амансио Ортега, слушнал дека мајка му купувала на вересија во продавниците бидејќи ги немале основните намирници, па решил да го напушти училиштето и да се вработи. Кариерата ја започнал како касиер во кројачка продавница во неговиот град Ла Коруња. Тој кројачки занает сè уште постои, па туристите често доаѓаат да проверат каде еден од најбогатите луѓе во светот го научил занаетот. Во 1950 година, Амансио Ортега почнал да организира невработени жени кои знаеле добро да шијат во погони за шиење. Произведувале долна облека, ноќници и детска облека.

Во 1963 година, по десетгодишно искуство како координатор на погон за шиење, Амансио Ортега ја основа својата прва компанија, „Confecciones GOA, SA“ (SA се неговите иницијали прочитани наназад). Тие произведувале домашни палта, а компанијата била семеен бизнис. Амансио Ортега бил задолжен за развој на нови модни трендови, неговиот брат Антонио бил задолжен за комерцијални работи, а неговата сестра Јозефа беше задолжена за книговодство.

Негов деловен партнер бил Розалија Мера Гојенечеа, со која се оженил три години подоцна. Заедно имаат две деца Сандра и Марко, а никогаш не се видени заедно во јавност. Во август 2013 година, на 69-годишна возраст почина неговата поранешна сопруга, коосновач на „ZARA“ и најбогатата Шпанка.

Тој ја отворил својата прва продавница наречена „ZOBRA“ во 1975 година во трговска куќа во Ла Коруња. Продавницата ја нарекол по омилениот филм, а набрзо го сменил во „ZARA“ поради тужба од сопственикот на истоименото кафуле во близина. Во раните осумдесетти години, тој отвори истоимена продавница во неколку други шпански градови. 

Во 1989 година „ZARA“ стана меѓународна продавница почнувајќи од Португалија, преку САД и завршувајќи во Лондон во 1998 година. „Pull & Bear“ и „Massimo Dutti“ беа развиени во 1991 година, „Bershka“ во 1998 година и „Oysho“ во 2000 година. Во 2001 година Амансио Ортега за прв пат се појави во јавноста со неговата сегашна сопруга Флора, тој ја има ќерката Марта, која сега е негов официјален наследник. Богатството на Амансио Ортега се проценува на над 85 милијарди долари.

ZARA“ моментално работи во 88 земји со повеќе од 137.000 вработени. Правилото е новите колекции да не се креираат според најновите трендови на модните писти, туку да се слушаат желбите на клиентите. Во 2011 година тој го препушти управувањето на помлади луѓе, но задржа 60 отсто од сопственоста. Сè уште живее во Ла Коруња и ретко оди на одмор, а кога оди најчесто ја посетува Грција. Обожава планинарење и ужасно се плаши од летање. Амансио Ортега секој ден оди во истото кафуле каде што појадува јајца и компири. Кога има слободно време, ужива во јавање коњи и поседува коњички центар во Галиција. За време на викендите, тој обично одгледува кози и кокошки на својата фарма во Галиција.

Тој е сопственик и на еден од најлуксузните хотели во Мајами, „Epic Residences“. Со оглед на тоа што својот приватен живот го чува најстрога тајна, а најмногу избегнува средби со новинари.