Ова е страшно: Објавено видео од убиството на познат фудбалер (ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА)

Потресни сцени со трагичен епилог!

Репрезентативецот на Панама, Жилберто Хернандез, (26) е убиен во пукотница што се случила во неделата во провинцијата Колон, Панама.

Осум лица беа ранети, а Хернандез, за ​​жал, им подлегна на повредите.

Неколку дена по крвавиот пир, медиумите од Панама објавија видео од нападот. Двајца напаѓачи излегле од таксито и почнале да пукаат кон група луѓе, меѓу кои бил и несреќниот дефанзивец на Атлетико Индепендиенте.

Ве предупредуваме, видеото содржи крајно вознемирувачка содржина:

Тамошните медиуми претпоставуваат дека фудбалерот е убиен од нарко-картел, а не се знае дали тој бил цел на нападот, или некој од негово друштво.