„Ова е страшно!“: Пронашла тајна соба во бањата, па непријатно се изненадила, луѓето на мрежите во неверување од видеото

Агентката за недвижности, Лорен Рокел од Мичиген, на „ТikTok“ објавила видео на кое се гледа како пронашла тајна просторија во еден од домовите изградени во 70-тите години, а сега се на продажба.

Тајната просторија е скриена зад ормарот во тоалетот, а Лорен ја отворила вратата како би им покажала на следбениците како изгледа скриената просторија во куќата. Сепак, еден детал предизвикал морници.

Имено, агентката претпоставувала дека тајната соба се користи за оставање работи, но дури кога го видела прозорецот свртен кон тушот и кадата, сфатила дека можеби станува збор за нешто позлобно.

„Ова е пред ерата на скриените камери“

„Погледнете колку е ова морничаво. Што вие мислите?“, ги запрашала таа следбениците на видеото кое е прегледано повеќе од 835.000 пати.

„Прво си помислив: ’Колку кул‘, a потоа: ’О, нè, ’Нема шанси да се туширам овде, постојано би мислела дека некој ме гледа‘ и „Ова е пред ерата на скриените камери“, биле само дел од коментарите.