„Ова е Трета светска војна!“ Застрашувачка изјава на Дмитриј Медведев: „Имаме право да возвратиме со оружје за масовно уништување“ (фото)
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави, откако Соединетите Држави и’ дозволија на Украина да истрела ракети со долг дострел на руска територија, дека Русија има право да возврати со оружје за масовно уништување против Киев и главните инсталации на НАТО.
Медведев коментираше дека веќе е Трета светска војна.
Димитриј Медведев во објава на својот канал на Телеграм истакна дека одлуката на администрацијата на Џо Бајден може да се оквалификува како напад на пактот на НАТО врз Русија.
– Употребата на ракетите на алијансата на овој начин сега може да се оквалификува како напад врз Русија од страна на земјите од блокот. Во овој случај, Русија се повикува на своето право да возврати со оружје за масовно уништување против Киев и големите инсталации на НАТО, каде и да се наоѓаат. И ова е веќе Трета светска војна – напиша Медведев.
Украинските вооружени сили синоќа извршија напад со шест балистички ракети ATACMS во областа Брјанск, го одбија нападот, соопшти Министерството за одбрана на Руската Федерација.
Во 3 часот и 25 минути вечерва, непријателот со шест балистички проектили погоди објект во областа Брјанск.
„Според потврдени податоци користени се оперативно-тактички проектили произведени од американскиот ATACMS“, прецизираат од Министерството.
Екипажот на ПВО С-400 и ПВО Панцир собориле пет проектили и го оштетиле шестиот, пренесува РИА.
– На техничката територија на воениот објект паднаа фрагменти од гранати, што резултираше со пожар кој брзо беше изгаснат.
Ројтерс пренесува дека Генералштабот на украинската армија соопштил дека по нападот следеле 12 секундарни експлозии и детонации во областа.
– Ќе продолжи уништувањето на складишта за муниција на армијата на руските окупатори за да се запре вооружената агресија на Руската Федерација против Украина – се наведува во соопштението на Генералштабот во Киев на Телеграма.
Рускиот независен медиум Медуза ја пренесува информацијата на веб-страницата РБК Украина, која повикувајќи се на извори од украинските вооружени сили објави дека ова е прв напад на територијата на Русија што го извршиле американските балистички ракети АТАКМС.
Според тој извор, нападнат е воен објект во близина на рускиот град Карачов во областа Брјанск.
– Беше успешен напад – рекол изворот на украинските медиуми.
Се наведува дека Карачев се наоѓа на 130 километри од украинската граница.
Министерството за одбрана на Русија само соопшти дека утринава се уништени 12 украински беспилотни летала над областа Брјанск и дека летале во два брана.
Опсег на клучни карактеристики ATACMS: варира според верзијата, но се движи од 140 km до над 300 km.
Точност: користи GPS навигација за висок степен на точност.
Вооружување: Може да носи различни типови боеви глави, вклучително и експлозив и подмуниција (касетни бомби, иако нивната употреба е ограничена со меѓународни договори).
Балансирање на платформата: Компатибилен со системите HIMARS и MLRS, овозможувајќи мобилност и брзо распоредување.