Ова е убиецот на Ноа! Погледнете како полицијата го вади од станот! Соседите открија што правел секој ден по нејзиното исчезнување (ФОТО)
Страшно злосторство е откриено денеска на улицата Цара Лазар во Белград, каде е пронајдена убиената Ноа Миливојев (18) од Ковиље, по кој се трагаше.
За делото е уапсен и сослушан Д.О.(33) во рамките на истрагата за исчезнувањето на ТикТокерката, а соседите од зградата на осомничениот откриваат што се случило пред две недели во нивната зграда.
– Ја видовме пред неколку месеци со уапсениот кој живее во таа зграда. Полицијата повеќе доаѓаше поради нивните расправии. Уапсениот веќе е сослушан во врска со исчезнувањето. Таа 2 недели пред исчезнувањето врескаше дека ќе ги искрши станови во зградата ако не и’ ги вратат работите. Забележавме дека речиси секој ден фрла некои работи од станот – раскажуваат соседите.
Да потсетиме, тиктокерката позната по прекар Ноа од Ковиље кај Нови Сад исчезна на 17 јуни во Белград, а на денот кога и’ се губи секаква трага телефонски разговарала со мајка си и и’ рекла дека оди да се види со нејзиниот дечко.
Оттогаш, од Ноа немало ни трага ни глас, а семејството го пријавило нејзиното исчезнување во полиција.