Ова е фотографијата на Макрон и министерката за спорт која предизвика хистерија, дури и на премиерот му е непријатно

Отворањето на Олимписките игри 2024 година во Париз беше обележано со бројни контроверзи и непријатни ситуации, од кои едната се случи меѓу претседателот Емануел Макрон и министерката за спорт Амели Оудеа-Кастер.

Фотографии од Амели како го бакнува претседателот во образ се раширија низ интернетот. Многумина го споредија истиот бакнеж со бакнеж меѓу двајца љубовници.

слика

На фотографиите може да се види како министерката со едната рака го фати Емануел за раката, а другата му ја стави на вратот. Потоа таа го бакна во образот, а тој ја бакна во грбот.

Ситуацијата стана уште понепријатна бидејќи многу луѓе забележаа дека на некои фотографии премиерот Габриел Атал, кој стоеше до нив, го сврте погледот на другата страна и лицето му покажа дека не се чувствува удобно.

Нивната интеракција беше цел на негативни коментари на социјалните мрежи, главно поради фактот што Макрон е долги години во брак со Брижит, како и Амели со нејзиниот сопруг Фредерик