Ова е хорор, насекаде има крв! Потресни зборови на Натхо за страшната ситуација во Израел: Кошмар од кој не знаеме како да се извлечеме! (видео)
Фудбалерот на Партизан, Бибрас Натхо се распадна откако постигна гол на натпреварот против Младост.
Израелецот беше прецизен од белата точка, но не го прослави голот поради тоа што се случува во неговата земја. По натпреварот тој зборуваше за медиумите во Израел.
– Тоа е како во хорор филм. Не знам што да кажам, шок е, не знаеме што се случува. Насекаде само крв, тоа е ноќна мора од која не знаеме како да се извлечеме. Пред натпреварот чувствував дека јас ќе бидам стрелец, има такви денови. По пеналот не знаев што да правам, ме обземаа емоции, чудно беше. Пред натпреварот размислував дали воопшто да играм – рекол Натхо, а пренесува „Израел Хајом“.
Искусниот играч за врска открива дека тренерот Игор Дуљај му дал целосна слобода да одлучи дали ќе го одигра натпреварот кој Партизан на крајот го доби со 2:0.
– Тренерот ми кажа дека во секој момент можам да кажам што сум одлучил. Јас решив да играм – изјави Натхо.