Ова е чичкото што го уби девојчето (11) во Грција: По убиството отишол да ги теши нејзините родителите
Откриено е дека чичкото вчера утрото отишол да ги утеши родителите на убиеното девојче, додека тие се уште верувале дека е киднапирана
Девојката (11) која е убиена во Грција, починала од рацете на нејзиниот чичко кој цело време се правел дека се во добри односи. Малата Василики, не знаејќи што и се подготвува, влезе во неговиот автомобил и набрзо беше пронајдена мртва.
Чичкото (37) на распит го признал ова грозоморно злосторство, но не го навел мотивот за убиството.
„Ја однесов во шумата и ја убив“, наводно рекол со, како што пренесуваат грчките медиуми, циничен призвук, по што повеќе не сакал да одговара на прашања.
Откриено е дека чичкото вчераутро отишол да ги утеши родителите на убиеното девојче, додека тие се уште верувале дека Василики е киднапирана. Во исто време на социјалните мрежи сподели “amber alerta” информација за нејзиното исчезнување.
Откако родителите на Василики го пријавиле нејзиното исчезнување, полицијата ги прегледала безбедносните камери, кои го снимиле девојчето како влегува во автомобил. Набрзо било утврдено дека се работи за возилото на нејзиниот чичко. Засега не се знае дали детето било малтретирано пред убиството, а телото на малата Василика е пронајдено на нива.
Инаку, тој и претходно беше осомничен за силување на девојките, но никогаш не беше осуден, туку беше пуштен на условна слобода до судењето.
Нејзината мајка пријавила дека исчезнала околу 3 часот по полноќ. Ја алармирала полицијата бидејќи девојката околу 21 часот излегла од дома и не се вратила.