ОВА Е ЧЛЕНОТ НА КАВАЧКИОТ КЛАН ВО КОГО БЕШЕ ПУКАНО: Вујовиќ беше изрешетан, а претходно добил куршум како предупредување
Вујовиќ е пренесен во Клиничкиот центар.
Јован Вујовиќ (27) од Цетиње е ранет од автоматска пушка околу 8 часот и 40 минути и бил погоден со неколку истрели. Според медиумите, во него веќе било пукано пред четири години кога бил застрелан во нозете.
Вујовиќ е идентификуван како лице блиско до Кавачкиот клан. Кога првпат бил ранет, имал само 23 години, но и тогаш бил поврзуван со криминални кланови во Црна Гора, па ранувањето се сметало за предупредување.
Вујовиќ сега е пренесен во Клиничкиот центар, а полицијата го пронашла запаленото возило кое насилникот го користел при нападот врз него.
Запален автомобил бил пронајден на патот кон Будва, а полицијата ја пронашла и автоматската пушка употребена во нападот.
Инаку, уште една мафијашка пресметка во Црна Гора се случи пред една недела кога исто така беше пукано во „Кавчанин“ во близина на тунелот Врмац во Котор.